еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

По „бомбите“ ќе има ли и обвинение за Милошоски за случајот „Моќник“

Неколку дена пред да бидат објавени аудио снимки за поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на канал на Јутјуб, во медиумите осамна информацијата дека истрагата за случајот „Моќник“ е завршена.

Станува збор за истрага за Милошоски која ја отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Според процедурата, за овој случај наскоро треба да биде поднесен обвинителен акт, а ако тој биде позитивно оценет ќе следи и судски процес.

За што се работи во „Моќник“

„Моќник“ како што информираа тогаш од СЈО се однесува за основаното сомнение дека под влијание на моќен пратеник, по багателна цена се распродавал општински имот во Македонски Брод за негови блиски роднини.

Истрагата во случајот „Моќник“ се води против 13 лица, а сомнението е дека е нанесена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.

Второосомничениот, односно таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во с. Ижиште, во општина Македонски Брод, за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината предложил да му се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Огласот, како што кажа тогаш обвинителката Фатиме Фетаи (која ја започна истрагата и која доби овластување од јавниот обвинител Љубомир Јовески да ја заврши истата откако предметите на СЈО се префрлија во јавното обвинителство), не бил објавен во Службен весник, па како понудувач се појавил само таткото на пратеникот, кој го знаел датумот и го купил објектот за 1.795.800 денари, односно само 670 денари повеќе од почетната цена.

Со анекс го купил и земјиштето за 100 денари по квадратен метар, иако таму цената била по 400 денари за квадратен метар.

Пратеникот знаејќи дека градоначалникот на Пласница има близок судија во Кичево, како претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, побарал листрација на судијата.

Лустрациска, според СЈО, донела нарачана одлука и го лустрирала, а судијата најпрво бил времено оддалечен од функцијата, а потоа Судскиот совет и трајно му ја одзел функцијата.

Меѓу осомничените во оваа истрага има и членови на Комисијата за лустрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски најавува нови „бомби“

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tатко и две деца од Македонија безбедно ја напуштија Газа, упатени се кон Каиро

Редакција

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба, која почнува од денеска

Редакција

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат во вториот круг од изборите: Кој доби најмногу гласови?

Редакција