еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

По барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СЈО.

Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.

„Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, велат од СЈО.

Истрагата за „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.

Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

„Белата палата“ под хипотека: Може ли Комерцијална банка да стане нов сопственик на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност

Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Редакција

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но и натаму е делумно слободна земја

Редакција

Нови 159 заболени од корона вирусот од 2.018 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција