еМагазин
Image default
Македонија

По бурните реакции, порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски се извини за сексистичкиот пост за министерката Ангеловска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски се извини по бројните реакции од партии, пратеници, невладини здруженија, Владата… за неговиот сексистички пост на Фејсбук за министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства.

Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумит“, напиша тој на Фејсбук.

Вчера тој на Фејсбук напиша:

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави за Ребалансот. Таа тргна барем да одговори прашање, тој го презеде микрофонот!

Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е Џирло девојка- презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори.

Ова е комплетно киднапирање на институции!“.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Попов именуван за амбасадор на Македонија во САД

Редакција

Откако ги искритикуваа, МВР ќе ја реформира УБК

Редакција

Арбен Јашари нов заменик директор на Бирото за јавна безбедност

Редакција