еМагазин
Image default
Забава

По четири години пауза, се отвора култното „Енџлс кафе“ во Штип

По четири години пауза, во Штип се отвора култното „Енџлс кафе“.

„Повеќе од една година се работеше на новиот проект кој нема ништо исто со „старото“ Енџелс кафе. Исто е само името на локалот и енергијата која ние ја вложувавме како во претходниот, така и во овој проект.

Новото Енџелс кафе е сосема во друг стил. Нешто како модерен клуб за сите генерации. Ќе се задржи добрата организација, одбраната музика и квалитетната услуга, почитувањето и безбедноста на гостите, но сепак на некој посмирен начин. Ќе пробаме да ги анимираме и сите оние наши сограѓани кои од разни причини не се пронаоѓаат во ни еден друг локал“, велат од кафулето.

Отворањето кое е наречено „Opening Fiesta“ ќе биде на 28 август и ќе трае 7 дена.

„Енџлс кафе“ беше организатор на Summer Beach Festival кој се наоѓа во листата настани од значење на град Штип.

„Благодарејќи на Summer Beach Festival, пет години Штип беше домаќин на многу странски и домашни ДЈ-и и гости. Сите заедно го промовиравме градот во најубаво светло. Сакаме да го задржиме тој тренд, но во новиот локал кој е уреден со најнови модели на мебел, озвучување и светла, невозможно е повторно да се одржи оној концепт на Summer Beach Festival кој го имавме во минатото- песок, базени, пена, бои….

На SBF6 ќе имаме повеќе од 20 артисти, но сега распоредени во 7 дена. Домашни и странски ДЈ-и како и неколку интересни бендови со жива свирка. Во петок, сабота и недела работното време ќе биде до 3 часот, а останатите денови до 1 по полноќ“, додаваат од таму.

Фото: Роберт Димитров-Роби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Љубојна“ ќе го отвораат фестивалот „Крај Вардарот џез“

Редакција

На пејачката Лазаревска и се закануваат, ја помешале со војникот на АРМ, Лазаровска

Редакција

Прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ ќе настапи во Скопје на 16 октомври

Редакција