еМагазин
Image default
Македонија

По четири одбиени барања за изземање на обраната на Груевски, почна јавната седница на Апелација за „Тенк“

Откако беше одбиено и четвртото барање за изземање на претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ, на денешната јавна расправа по жалбата за пресудата за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, Груевски побара изземање на судечкиот совет и в.д. претседателот на Апелациски поради злоупотреби во АКМИС-от системот.

Груевски рече дека за време на паузата прочитал на некои од порталите дека се правеле одредени злоупотреби без почитување на АКМИС системот за распределба на предмети во судовите, во смисла на определување на судии кои ќе судат во овој предмет.

– Овој судечки совет од вчера до денеска е променет. Тоа создава сомнеж и сите вас ве прави оштетени и затоа барам изземање на сите вас и на в.д. претседателот на Апелацискиот суд, рече Груевски.

По ова беше дадено повторно пауза, по која барањето на Груевски беше отфрлено како недозволено.

Според судијката Периќ АКМИС системот не може да претставува причина за оштетеност на судиите. Седницата продолжи со читање на пресудата од страна на судијата известител. Поради обемноста на предметот претседателката на судечкиот совет рече дека ќе ја прекине расправата и ќе закаже друг термин за продолжување на седницата.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за четворица вработени во УБК, осомничени за проневера на милиони државни пари

Редакција

Отсуството на Слободан Богоески го одложи судењето за „Маџар телеком”

Редакција

Расим Мрљаку именуван за почесен конзул на Македонија во Косово

Редакција