еМагазин
Image default
Македонија

По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека коронавирусот е целосно исчистен, вели Филипче

По два циклуса на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во земјава ќе има позитивно сценарио.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до кога ќе трае настанатата состојба и дали може по вонредните мерки воведени во државата состојбата со корона вирусот да има позитивно сценарио, нагласи дека искрено верувува оти ќе има позитивно сценарио, посочувајќи дека ограничувањето на социјалните контакти е нешто што веруваат дека ќе го запре патот на ширење на вирусот.

– Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории, нагласи министерот.

Во однос на набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел негативна на коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Запрете ги војните, да се бориме против коронавирусот

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

СЗО: Пандемијата на коронавирусот се забрзува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Леуново изгоре викендица во сопственост на семејството на Миле Зечевиќ, додека тој бил во неа

Редакција

(Видео+фото) Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“, емотивно обраќање на Ребека

Редакција

(Фото) Во Пелагонија ветер од 150 км/час, од невремето во Велес и Скопје паднати бандери, дрвја и оштетени автомобили

Редакција