еМагазин
Image default
Локално

Во големиот пожар кај Саса, и авиони учествуваат во гаснењето

Пожарот во село Саса се уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење.

-Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаја да ги спасат од огнената стихија – изјави Трајчевски.

Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, чие гасење е отежнато од силниот ветер и непристапниот терен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобуси на ЈСП ќе возат по специјална рута на локации кои имаат симболика со катастрофалниот земјотрес

Редакција

МВР: Приведени четворица полски навивачи по вчерашниот инцидент

Редакција

Одредени мерки на претпазливост за обезбедувачот во „Сити Мол“ кој пријави лажна бомба

Редакција