еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По изјавите на Макрон: Македонија веќе не треба да се надева на датум за преговори

Доколку внмателно се следат изјавите на фрнацускиот претседател Емануел Макрон станува јасно дека тој има поинакви планови за Европската Унија односно дека не е за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.

„Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не нужно тие треба да бидат идни земји членки на ЕУ.

Тоа значи дека македонските граѓани, а посебно политичарите треба да престанат да се надеваат на датум во 2020 година или кога било во иднина, што не значи дека треба да прекине комуникацијата со ЕУ како заедница на држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 129 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.535 тестирања, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Тодоров: Единствен начин толпа народ да влезе во Собранието е да се скрши или отвори вратата

Редакција

Изречени 873 казни за неносење маска

Редакција