еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

Антикорупциска комисија освен за случајот „Леонардо“ и набавката во претпријатието за воздухопловна навигација М-НАВ, како и за софтверот за МВР, под лупа го стави и имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар во Владата за мониторинг и подршка на институциите при реализација на владините програми, Драги Рашковски, изјави за телевизијата Алфа, директорката на Антикорупциска, Билјана Ивановска.

Антикорупциска ќе истражува како се стекнал со имотот, кој не е наведен во неговиот анкетен лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски и Наќе Чулев единствени кои дале исказ во Обвинителството за софтверот на Рашковски

Обвинителство врши претрес во „Инвока гроуп” и во домот на сопственикот на фирмата

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

Истрага за софтверот отвори и Јавното обвинителство.

Неодамна порталот А1он објави дека за над 50 илјади евра е зголемен имотот на Рашковски откако си заминал од позицијата генерален секретар на Владата во септември минатата година.

До оваа констатација порталот дошол по споредбата на двата анкетни листови, првиот кога ја извршувал функцијата генерален секретар на Владата и новиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога стана секретар во Владата за мониторинг и подршка на институциите при реализација на владините програми.

Каков имот пријавил

Според неговиот последен анкетен лист доставен до Антикорупциската комисија, Рашковски на име на децата пријавил земјоделско земјиште во Струмица и Поболје, а на свое име во Побожје.

На свое име пријавил и стан во Скопје од 65 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, а истиот е подарок.

На свое име пријавил и два автомобили, Волво и БМВ, а на име на сопругата возило Додге.

Поседува и два мотори, Хонда и БМВ.

Има и два кредита на свое име. Едниот од 2,9 милиони денари, кој го зел лани, а ќе го исплаќа до 2030 година, а за другиот од 2,5 милиони денари не дал податок кога го зел и кога треба да го врати.

Како заеднички имот пријавил и заем од 2 милиони денари, за кој исто така не дал податок кога го земал и од кој и кога треба да го врати.

Пријавил и денарски депозити на децатата и на негово име.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 240 цивилни жртви во Украина, 160.000 се внатрешно иселени, 116.000 ја напуштиле државата, информира Канцеларијата за човекови права на ОН

Редакција

Џафери: Болните пратеници немаа контакт со ниту едно лице во Собранието, присуствуваа според протокол

Редакција

Од Газа евакуиран и брачниот пар од Македонија

Редакција