еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По МВР и Амбасадата на САД со предупредување: Постои зголемен ризик од терористички напади во Северна Македонија

Два часа по информацијата од МВР дека спречиле напад од страна на ИСИС, Амбасадата на САД во Скопје издаде безбедносно предупредување до своите државјани кои престојуваат во државава да бидат внимателни.

-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјаните на САД во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети.

Терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба одржуваат високо ниво на претпазливост.  Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз „меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празници, славенички собири итн.)“, објавено е на сајтот на Aмериканската амбасада.

Фото: Фејсбук-профил на Амбасадата на САД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Спречен можен терористички напад од поддржувачи на ИСИС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прашина, дрвја и кровови: Ветрот ги извади гнасотиите на Скопје

Редакција

За САД судирот на амеркански дрон и рускиот воен авион е непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување на Русија

Редакција

Најголем дел од заразените со ХИВ/СИДА во Македонија се мажи на возраст од 20-39 години, од Скопје и Тетово

Редакција