еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

По неуспехот на Меј: Брегзит повторно главна тема во светот

Британскиот парламент со 432 наспроти 202 гласови гласаше против договорот за Брегзит со што премиерката Тереза Меј доживеа тежок пораз.

Иако се очекуваше ваков резултат со оглед на тоа што многу пратеници од конзервативната партија на Меј се против постигнатиот договор за излегувањето од ЕУ повтроно се комплицира политичката состојба во Британија со оглед на тоа што ЕУ најавува дека нема да има нови преговори.

Сега премиерката Меј е соочена со гласање за доверба на нејзината влада, откако барање за тоа поднесоа опозициските лабуристи.

По ваквиот исход, Тереза Меј порача дека Владата го слушнала мислењето на парламентот, но важно е да се слушне и мислењето на народот.

„Секој ден кој поминува без решение значи поголема несигурност, повеќе огорчување и повеќе омраза“, рече Меј.

Таа посочи дека ќе почека потврда дали владата ужива доверба во парламентот, бидејќи се очекува гласање за доверба.

Инаку, шефот на европската партија на Зелените, Рајнхард Бутикофер, во реакција на синоќешното гласање на британскиот Парламент за договорот за истапување на Велика Битанија од ЕУ, порача дека нов референдум за Брегзит би бил “демократски, очигледен и легитимен“.

Копретседателот на европските Зелени истакна дека биле прекршени „сите ветувања дадени за време на кампањата за Брегзит во јуни 2016„, како и дека некои лажеле од самиот почеток.

„Многу анкети покажуваат дека Британците би се предомислиле“, порача Бутикофер.

Земјата треба да ја напушти ЕУ на 29 март годинава, но без договор за Брегзит сценаријата би можеле да бидат катастрофални како и на островот, така и на континентот.

Во следните денови се очекува да се види како партнерите планираат да излезат од оваа криза, но претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер порача дека по ова гласање шансите за „Брегзит без договор“ значително се зголемени.

Најверојатна опција за сега е одложување на датумот за Брегзит по 29 март, став што го поддржуваат мнозинството политички партии во Европскиот парламент.

Меѓутоа, во ова сценарио, се поставува горливото прашање за следните европски избори во мај. Повеќе земји членки сакаат Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ пред овие избори. Еден од главните проблеми е што седиштата на британските европратеници веќе се прераспоредени за други земји членки.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по синоќешното гласање на Твитер објави дека „најпозитивно решение“ е Британците да останат во ЕУ.

Ирската влада изрази загриженост откако Долниот дом на британскиот парламент синоќа го отфрли предлогот на премиерката, Тереза Меј за Брегзит, оценувајќи дека брегзитот без договор би имал лош исход за сите, не само за Северна Ирска.

„За жал, резултатот од гласањето го зголеми ризикот за Брегзит без договор. Затоа Владата ќе продолжи да ги интензивира подготовките за ваков завршеток“, се наведува во соопштението на ирската влада.

По синоќешното гласање, вредноста на британската фунта падна во однос на американскиот долар и еврото, но набрзо се врати во нормала.

Како земја претседавач со Унијата, Романија вчера повика на единство помѓу земјите членки и најави дека Европската Унија ќе продолжи да се подготвува за најлошто сценарио за брегзитот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири сценарија по отфрлањето на Договорот за Брегзит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник нов начин на издавање на готовите лични карти за Скопјани

Редакција

Намалување за 37,2%: Минатата недела 542 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, едно по третпат

Редакција

Струшкиот суд останува без судија кривичар, од следната година ќе има само двајца судии

Редакција