еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

По осми пат Trash Fashion 2019

По осми пат оваа година Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО организира Trash Fashion 2019, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали.

Натпреварот е наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука.

Целта на Trash Fashion 2019 е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

Прво, второ и трето место годинава ќе додели петчленото жири во состав: Петар Атанасов – заменик министер за образование и наука, Ружица Антиќ – главен уредник на „Портрет“, Ирина Тошева – моден дизајнер, Марио Додовски – моден критичар и Лука Ѓоргиевски – фронт мен на бендот Funk Shui.

Оваа година ќе биде доделена и награда за тимот кој реупотребил најмногу отпад за изработка на својот модел.

Додека трае гласањето, ќе настапи музичкиот бенд „Бејсмент Култ“ составен од ученици од СОУ „Никола Карев“ – Скопје.

Пред настанот учениците ќе имаат можност да учествуваат на едукативна работилница. Уметницата Христина Зафировска со учениците ќе изработува модни додатоци, а изработените дела ќе бидат изложени во холот на Младински културен центар.

Trash Fashion 2019  ќе се одржи на 23 мај 2019 од 17 ч. во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина. На настанот ќе учествуваат тимови од 40 средни училишта кои веќе четири месеци собираат, рециклираат и изработуваат оригинални модни дизајни.

Оваа година Trash Fashion 2019 се реализира со поддршка од Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ го доби првиот рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG)

Редакција

Убава вест: Преку донатори се обезбеди и вработување за таткото и братот на Верица, чии органи спасија неколку животи

Редакција

(Фото) Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

Редакција