еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

По оставката, Павле Богоевски има право на апанажа од една година

Откако и официјално ќе поднесе оставка од пратеничката функција, Павле Богоевски има право на апанажа од една година.

Оваа можност произлегува од Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица во републиката.

За да го оствари тоа право, во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата, Богоевски треба да поднесе барање.

Законот предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Што стои во законот?

ПРАВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ И НА РАКОВОДНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО ПО ПРЕСТАНУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА

Член 19

Пратеник кој за време на вршењето на пратеничката функција остварувал плата или надоместок на плата во месечен износ во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува Собранието, односно назначува телото што тоа ќе го овласти претседателот на Република Македонија и Владата кој за време на вршењето на функцијата остварувал плата, може да остварува плата по престанувањето на функцијата за време до една година, и тоа:

– три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци

– шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест месеци и еден ден до 12 месеци

– девет месеци, ако функцијата ја вршел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и

– 12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе.

Пратеник, функционер и раководен работник има право да остварува плата според одредбите на овој закон за време подолго од една година од денот на престанувањето на функцијата, а најмногу уште шест месеци ако во тоа време стекнува право на пензија.

Пратеник, функционер и раководен работник не може да го стекне правото од ставовите 1 и 2 на овој член ако ги исполнил условите за стекнување право на старосна пензија, согласно со закон.

Член 20

Правото од член 19 на овој закон се стекнува врз основа на лично барање, кое се поднесува најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата.

Надлежното тело на Собранието со решение го утврдува правото од член 19 на овој закон и престанувањето на правото според одредбите на овој закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „поцрвене“ за случајот Богоевски: „А зошто набавувал Павле на црно кога има наше легално масло“

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка: „Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мој последен“

Фото: Фејсбук/Богоевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Груевски не е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата, за да полицијата провери и треба налог

Редакција

Поради контакт со заболени од бифе на МВР: Државен секретар и уште четири лица во самоизолација

Редакција

(Видео+фото) Во Приштина убиен македонски државјанин, косовските медиуми тврдат дека е Блерим Дачи

Редакција