еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

По осумчасовна голгота на аеродром, Австралија не му издаде виза на Ѓоковиќ – денеска судење по жалбата

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, најверојатно нема да учествува на Австралија опен и да ја брани титулата, бидејќи австралијанските власти не му дозволија влез во државата, затоа што не ги исполнувал условите за виза.

Ѓоковиќ вчера околу осум часа бил испрашуван од граничната полиција на аеродромот, кои ги проверувале документите, кои го потврдувале неговото ослободување од вакцинација против Ковид-19.

Австралија не му издаде виза со образложение дека не обезбедил докази за двојна вакцинација или медицинско ослободување кога пристигнал во земјата.

Ѓоковиќ поднесе жалба, за што треба да се произнесе австралискиот суд, па потоа ќе се знае дали ќе биде депортиран.

Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Редакција

Убава вест: 1.083 оздравени од Ковид-19

Редакција

Важечките лични карти, ќе може да се користат и по 13. февруари

Редакција