Се остварија предвидувањата на рејтинг-агенциите дека Нова Демократија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис ќе освојат мнозинство од гласовите на вчерашните парламентарни избори во Грција. Мицотакис денес ќе даде заклетва и ќе ја преземе премиерската фотеља од Алексис Ципрас.
Фактот дека поразот на Ципрас и неговата Сириза доаѓа само една година по потпишувањето на Преспанскиот договор јасно покажува дека токму потпишувањето на овој документ има битно влијание во изборните резултати во Грција.
Сега се отвара прашањето како ќе се развиваат грчко-македонските односи по промената на власта, а посебно ако се земат предвид ставовите на Мицотакис против договорот од Преспа.
Имено, тој беше најостар во критиките кон Ципрас и Сириза пред да се потпише договорот, а неговата партија Нова Демократија гласаше против ратификацијата во грчкиот парламент.
Сепак, во последните денови од изборната кампања во Грција, Мицотакис ретерираше во ставовите во однос на договорот со образложение дека неговата земја не може еднострано да го раскине.
Останува да се види, дали Владата предводена од Нова Демократија ќе го продолжи започнатото „средување“ на грчко-македонските односи или пак ќе најде начин да ја забави целосната реализација на одредбите од Преспанскиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција
Мицотакис и Нова демократија со кампања ќе ги „бранат“ македонските производи и трговски марки
Мицотакис: Иако не ми се допаѓа, договорот од Преспа ќе го почитувам
Фото: Фејсбук/Мицотакис