еМагазин
Image default
Локално

По прекинот на работа KFC во Скопје Сити мол повторно е отворен, пилешкото месо стигнало

KFC во Сити мол не работеше вчера бидејќи пилешкото месо не стигнало на време, па тие биле принудени да прекинат со работа.

„Полковникот се извинува што пилешкото денес имаше проблеми на патот. Нашиот ресторан во Скопје Сити Мол имаше технички проблем поради кој не беше во функција за краток временски период. Ние сме тука за да бидете сигурни дека нашето пилешко е секогаш послужено на оригинален начин според стандардите на Полковникот, и денес ни е посебно жал што не бевме во можност тоа да го постигнеме.

Ве молиме разберете дека ние никогаш нема да ја изгубиме нашата страст за подготовка на оригинално пилешко, припремено за вас! Нашиот златен стандард треба да се задржи и поради тоа нашата тајна не е само во рецептот од 11 билки и зачини туку во нашата одлучност и тешката работа“, информираат на нивниот фејсбук-профил KFC.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со метална шипка им се заканувал на вработени во „Македонски пошти“

Редакција

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

Редакција

Приведен млад скопјанец затекнат при обид за силување на сограѓанка

Редакција