еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По притворот на Катица Јанева: Непристоен предлог е „Рекет“ да не се политизира

Не стивнуваат реакциите по вчерашната одлука на Јавното обвинителство да одреди притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со образложение дека се обезбедени доволно докази истрагата за случајот „Рекет“ да се прошири и врз неа.

Уште поголеми се реакциите по заплената на мебелот од домот на Јанева, како доказен материјал во постапката.

Дали Јанева би ја жртвувала кариерата за да добие на подарок мебел во вредност од 5.000 евра во случај во кој бил баран рекет од 8 милиони евра? Зошто надлежните органи ја пролонгираа одлуката за притвор на специјалната јавна обвинителка и дозволија да истера годишен одмор во Грција? Дали истрагата ќе покаже инволвираност на политички функционери во случајот „Рекет“?…

Ова се само дел од прашањата кои се поставуваат во јавноста за големата афера. Индикативно е што вчера од Јавното обвинителство порачаа дека обезбедените докази потврдуваат дека се работи исклучиво за кривично-правен настан и дека затоа случајот „Рекет“ не треба да се политизира или пак да се поврзува со учество и на лица од други држави. Оттаму потенцираа дека нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари.

Сепак, не треба да се заборави дека бугарските медиуми први напишаа дека снимањето на примопредавањето на пари за рекет, како и телефонски разговори и СМС пораки е направено од страна на бугарски специјални служби за таа намена.

Не треба да се заборави и дека веднаш по откривањето на овој случај СДСМ панично донесе декларација со која партијата се обврзува дека сите што се огрешиле пред законот треба да одговараат без разлика на партиската припадност.

Уште помалку треба да се игнорира фактот дека во целиов случај јавноста не дозна кои се Кики и Фрики, ликови од кои почна да се развива овој случај.

На крајот зарем треба да заборавиме дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е орган кој беше формиран со политичка одлука односно консензус меѓу власта и опозицијата.

Затоа, се чини дека малку е избрзана пораката „Рекет“ да не се политизира, кога очигледна е дека постои каква таква политичката заднина на овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јанева однесена во затворот во Шуто оризари со полициско комбе

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје обвинета дека загадува, а фабриката не работи

Редакција

Сапунот „Фамилијарно пакување“ од македонската фирма ФЕДОР со Брајова азбука

Редакција

Нови 375 случаи на Ковид-19 од 2.744 тестирања

Редакција