еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент: За неполна недела Македонија ќе стане Северна Македонија

Откако грчкиот Парламент го ратификуваше пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО за неполна недела земјата и официјално ќе стане Република Северна Македонија.

Наредната недела на зградата на македонската Влада ќе треба да пишува: „Влада на Република Северна Македонија“.

Од Владата неодамна информираа дека се во тек подготовките за замена на таблите на граничните премини, на владините институции и на дипломатско-конзуларните претставништва.

Што следи?

Следно според предвидената процедура е Грција и официјално да ја извести Македонија дека го ратификувала Протоколот за членство во НАТО, по што ќе следува размена на ноти помеѓу двете влади.

Потоа двете држави треба да ги информираат ООН и сите останати меѓународни организации дека новото уставно име на Македонија ќе биде Република Северна Македонија.

Во информацијата ќе стои дека разликите за името наведени во Резолуциите 817 и 845 се надминати и дека Договорот од Преспа стапува во сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Балканот доби нова држава“: Реакции во регионот по ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО во Грција

Грција прва го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел: Корона вирусот може да зарази 58 милиони Германци

Редакција

„Кога ќе дојде време“: Париз е подготвен за состанок со Софија и Скопје за билатерален договор

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар

Редакција