еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По розата од Цацко и метлата од Дац: „Дигитрон“ следен подарок за Заев?

Зачестени подароци на отворена сцена почна да добива премиерот Зоран Заев – прво роза од Бубо Каров – Цацко, а вчера и метла од Драган Спасов – Дац.

Ваквите очигледно смислени гестови од пропагадната машинерија на владејачката гарнитура би требало да ги освојат симпатиите на македонските граѓани, а посебно подарувањето метла како симболика за долго најавуваната чистка во Владата, која никако да се реализира.

Спротивно на тоа, наместо реконструкција на владиниот кабинет и смена на министри кои воопшто не се појавуваа на работа и не направија ништо од ветеното, граѓаните беа сведоци на стотици нови партиско-роднински вработувања во државните институции и јавни претрпијатија, самоволие на локални пајташи, неправда и манипулации со законите.

Сега останува да се види, кој ќе биде јунакот што ќе му подари дигитрон на премиерот Зоран Заев, кој ќе му биде повеќе од потребен, бидејќи станува јасно ДУИ допрва ќе испорачува барања за да го натера членството да излезе да гласа за Стево Пендаровски на 5. мај исто како и Беса и Алијансата на Албанците.

Прашање е само дали и испорачувањто на нови барања кон ДУИ ќе биде попусто со оглед на тоа што Албанците-гласачи се повеќе се ориентираат кон Беса и Алијансата на Албанците, а тоа најдобро го покажа првиот круг од претседателските избори на кои Блерим Река освои над 70.000 гласови, што не е бројка за потценување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На Заев му дадоа метла, штета што не знае да лета„: Твитер реакции за најавената „чистка“ на премиерот

(Видео) Драган Спасов – Дац му подари метла, Заев вети чистка во Владата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Чернобил нема струја, може да има истекување на радиоактивни материи

Редакција

Топ 5 најниски просечни нето-плати во ноември

Редакција

(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа

Редакција