еМагазин
Image default
Бизнис

По спор долг 11 години: Марија Марковска стана најголем акционер во „Карбо Нова“

„Карбо Нова“ имаше несогласување на впишаните акции по тековна состојба (67.176 акции) и акционерска книга (51.535 акции). За невпишаните акции се водеше Управна постапка веќе 11 години, која заврши во корист на Марија Марковска и која стана правосилна на 12.09.2019 година, информира компанијата преку Македонската берза.

„По спроведување на правосилната пресуда ќе дојде до промена на управувачки пакет каде најголем поединечен  акционер ќе биде Марија Марковска со вкупен број на акции 37.198 (по акционерска книга Марија Марковска веќе има впишани 24.798 и 12.430 акции  кои беа предмет на Управен спор завршен со правосилно решенe кои треба да се спроведат), од вкупно впишани 67.176 акции во тековната состојба на друштвото.

„Карбо Нова“ по ЗТД мора да ги штитити интерестите на сите акционери и да постапува соодветно на законски прописи во Р.Северна Македонија“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„М-6 Еден“ се стекна со 3.799 акции од „Аутомакедонија“

Редакција

Инспекторатот за употреба на јазиците вработува седум лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Грејната сезона може да почне и на 1 октомври, ако температурата е помала или изнесува 12 степени

Редакција