еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По сведочењето на Верушевски: Сите очи вперени во советникот на премиерот Зоран Заев

Како бомба од ведро небо во македонската јавност одекна сведочењето на Зоран Верушевски кој рече дека таканаречените бомби доживеале стравотна модификација и компромитирање по неговото лишување од слобода.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали Верушевски кој е советник на премиерот Зоран Заев за национална безбедност со неговата изјава потврди дека бомбите се манипулирани со единствена цел да се предизвика политички удар врз претходната Влада.

Во сведочењето Верушевски појасни дека разузнавачот Ѓорѓи Лазаревски не му предал нему никакви материјали и дека одговорноста за материјалите била на партијата. Тој додаде и дека исказот на Ѓорѓи Лазаревски пред Обвинителството за случајот „Пуч“ бил целосно невистинит.

Сега се наметнува прашањето дали изјавата на Верушевски во сведочењето пред судот за „Таргет – Тврдина“ за модифицирање и компромитирање на „бомбите“, ќе влијае врз постапките што ги водеше Специјалното јавно обвнителство (СЈО), а ги презеде и сега ги застапува редовното обвинителство.

Според обвинителката Фатиме Фетаи неговото сведочење нема да има влијание, бидејќи прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Според неа, изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив.

Сепак, јавноста со нетрпение го очекува 10 октомври кога Верушевски треба да го продожи својот исказ пред судот на следното рочиште кога би требало да биде испрашуван од страна на одбраната во случајот „Таргет-Твредина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

(Видео) Фетаи: Исказот на Верушевски дека бомбите биле модифицирани, нема да влијае на постапките

Што сакаше да каже Верушевски со сведочењето дека „бомбите“ доживеале стравотна модификација и компромитирање

Груевски се огласи за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани!

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитано на еМагазин за 2019 година: Татко ѝ на Калина на промоцијата на книгата праша, зошто на Кајмакчалан некој ја пуштил гласината за наводно исчезнати мајка и дете

Редакција

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

Редакција

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, најмладиот има 49 години

Редакција