еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?

Голем број реакции на социјалните мрежи предизвика вчерашниот инцидент во Затворот Скопје во Шуто Оризари во кој беа физички нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Граѓаните од една страна сметаат дека станува збор за организиран напад со кој власта се пресметува со поранешните функционери додека другите се сигурни дека станува збор за исцениран случај со цел двајцата поранешни министри да добијат домашен притвор.

Според затворската управа, инцидентот настанал откако Јанакиески и Ристовски при прошетка во дворот вербално испровоцирале други затвореници по што дошло до физички напад.

Иако во јавноста најпрво беше пласирана информација дека на едниот министер завршил со скршена рака, а другиот со пукната аркада подоцна лекарите утврдија дека тие немаат телесни повреди, што сигнализира дека овој инцидент е намерно предизвикан за да се направи драма заради доделениот притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На мирен протест во Битола побарана слобода и правда за Ламбе Алабаковски

Редакција

Адинг лани ја дуплирал добивката

Редакција

Спектакуларен концерт на Калиопи во Велес, прв по седум години во земјава

Редакција