еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

По трансплантацијата на срце, Иван е добар: Следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во Клиниката за државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.

„Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган.

Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации“, рече министерот Филипче.

Пред два дена, за првпат во државата се изведе трансплантација на срце. Со овој голем исчекор се испиша историја во македонското здравство, во македонската кардиохирургија.

Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и на алтруизам. По дијагностицирањето на мозочната смрт, семејството се согласи да ги донира срцето и бубрезите од починатата пациентка и се даде шанса за втор живот на тројца пациенти.

На трансплантацијата работеа стручен и врвен тим на кардиохирурзи под водство на Проф. д-р. Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“, Проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и Националната координаторка за трансплантација д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Како се прави минералната вода “Кожувчанка“

Петре Димитров

Новозаболените со коронавирусот во Тетово се заразиле на погреб

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во училиштата во Скопје и во Народна банка

Редакција