еМагазин
Image default
ЖИВОТ

По три години пауза, на КАРИЛ успешно трансплантирани бубрези на двајца пациенти од пациент кој доживеал мозочна смрт

Горд сум на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работa, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

„Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно.

Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. За ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, пишува Филипче.

фото: Фејсбук-страница на Венко Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче за мерките кои се секојдневие: Би излегле ли на дожд без чадор?

Редакција

Силјановска Давкова за Велики Петок: Се чувствувам како да го носам најтешкиот крст, по патот сум плукана и навредувана

Редакција

Учениците се чувствуваат небезбедни, потребно е да се внимава на нивното ментално здравје

Редакција