еМагазин
Image default
Македонија

По заканите на Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“, Спасовски вели дека нема индиции за нарушување на мирот

Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање какви се безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“.

-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидадтите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Меѓу другото, тој информира дека во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал, а веќе се подготвува заеднички со Министерството за одбрана и со Министерството за администрација и информатичко општество стратегија за сајбер безбедност, но тоа е тема која се развива не само кај нас и во регионот, туку генерално и во светот, затоа што досега недоволно се посветувало внимание на тие хибридни напади.

-Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови…Така што во тој дел се развива и технологијата, меѓутоа и нашите капацитети се јакнат, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение против „Ел Чека“ за „бомбите„ за ДУИ

Османи: Не сум јас тој Бујар од „бомбата„ на „Ел Чека“

„Ел Чека“ продолжува да „пука“ нови „бомби“ за ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчани ги стигматизираат сограѓаните кои се во картин во хотел во градот, по враќањето од Малта

Редакција

СДСМ за изборот на Силјановска: Извршител на Христијан Мицкоски

Редакција

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ негативен на корона вирусот, останува во изолација

Редакција