еМагазин
Image default
Локално

Кои се промените при паркирање во Дебар Маало, Буњаковец и Капиштец

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, временското ограничување за користење на паркиралиштата, начинот на наплата на паркирањето и начинот нa користење на повластената паркинг карта за деловен субјект и вработени во деловен субјект.

„Промените на зоните се однесуваат на трите најфреквентни јавни паркиралишта „Дебар маало“, „Буњаковец“ и „Капиштец“. Од денеска, секторот „Дебар маало“ од зона 1 ќе премине во зона 01, а секторите „Буњаковец“ и „Капиштец“ од зона 2 ќе преминат во зона 1. Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.

За побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, ЈП ПОЦ веќе ги обнови старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и ќе им овозможи попрегледно и пофункционално паркирање во општина Центар.

Новите информативни табли на ЈП Паркинзи на Општина Центар се двојазчни, на македонски и англиски јазик, заради големиот број на туристи коишто ја посетуваат општината. Таблите содржат информации за зоната, секторот, максимално дозволеното време на задржување, работно време, начинот на плаќање и цената на паркирањето по час и информации за контакт центарот.

Одлуката за усвојување на новиот Правилник за користење на јавните паркиралишта од значење на општина Центар, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Центар“, се вели во соопштението на претпријатието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има превоз со ЈСП додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје

Редакција

Општина Чаир: Нема дозвола за ископ на земјиште на местото каде што загинаа двајца работници

Редакција

Шестгодишно дете тешко повредено по удар од возило

Редакција