еМагазин
Image default
Бизнис

Почеток на сопствен бизнис во услови на економска криза? Lyconet мрежата нуди можност за почеток на сопствена кариера без никакви вложувања

Пандемијата на коронавирусот е причина за една од најголемите економски кризи во светската историја. Милиони луѓе на глобално ниво ги чувствуваат финансиските последици предизвикани од кризата. Ефектите се веќе видливи во целиот свет, па така и кај нас.

Според едно неодамнешно истражување направено во Македонија речиси 80% од работниците во државата се погодени од кризата, над 25% имаат намалување на платите, додека 11% од вработените останале без работа.

Според Светска Банка над 55.000 луѓе во Македонија се во ризик да западнат во сиромаштија, а бројот на сиромашни вработени да се зголеми за два до три пати. Се очекува сиромаштијата да се врати на нивото од пред 2017, па дури и од пред 2015 година.

Во вакви исклучително тешки услови, Lyconet е една од ретките компании кои нудат можност за излез од кризата преку започнување на сопствен бизнис без никакви вложувања. Компанијата нуди можност да започнете кариера како маркетер на брз, лесен и едноставен начин.

Преку препорака на друг маркетер, односно преку мрежата на независни Lyconet маркетери или преку регистрација на нивната веб страница и потпишување на онлајн договор за соработка вие станувате дел од мрежата на Lyconet маркетери.

Уште на самиот почеток ја добивате нивната помош и поддршка преку бесплатна онлајн обука, преку која ви ги претставуваат сите професионални онлајн сервиси и алатки кои ви стојат на располагање за непречено водење на сопствениот бизнис.

Потоа, како маркетер од удобноста на вашиот дом започнувате со продажба на производи или услуги директно на потрошувачите преку усна препорака. Продажбата можете да ја вршите самостојно, но за дополнителен успех, имате можност да ангажирате свои препорачани членови и да изградите сопствената мрежа на маркетери и потрошувачи.

На тој начин, за секоја остварена продажба остварувате финансиска заработка како процент на остварена продажба на одреден производ или услуга согласно истакнатиот компензациски план на компанијата.

Плаќањето е фер според учинок, односно колку ќе сработиш толку заработуваш, работата е самостојна и финансиски независна. Друга предност која ја нуди оваа работа е слободната распределба на времето, па така, можете да направите баланс на време поминато на работа и со семејството и пријателите според вашите потреби.

Исто така, во градењето на вашата кариера постојано ви помагаат светски експерти од областа на мрежниот маркетинг, кои несебично со вас ги споделуваат нивните искуства и ви го покажуваат патот до успехот.

Па така, од една страна имате самостојна и независна работа, но од друга страна, вие не сте оставени сами, туку ја имате поддршката на Lyconet во текот на целата работа и развојот на својата кариера.

Марктерството нуди безброј можности и предности, кои можете да ги прилагодувате на сопствените потреби, притоа остарувајќи солидна заработка и тоа во услови на глобална криза. Доказ за тоа се над 300.000 маркетери кои се дел од Lyconet мрежата во 49 земји во светот, кои остваруваат висок приход преку мрежниот маркетинг, истовремено остварувајќи си го сонот за финансиска независност. Можете и вие да биде следниот.

Пребродете ја кризата правејќи неколку лесни чекори без никаков ризик од загуба, а првиот чекор можете да го направите токму денес.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка во првите три месеци со добивка

Редакција

Oсигурениците најмногу се жалат на штети во сообраќај покриени со европски извештај

Редакција

Виктор Стојчевски купи акции од „Алкалоид“

Редакција