еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почина генералниот директор на Адинг, Благоја Дончев

На 23.10.2021 почина Благоја Дончев, долгогодишниот претседател на Управниот одбор и генерален директор на Адинг, информираат од компанијата.

“Компанијата изгуби пред се` човек, родител и еден од најголемите визионери во нејзината историја.

Неговото лидерство, високата работна етика и вредностите кои ги вгради во темелите на компанијата, денес се нераскинлив дел од нејзиниот код.

Беше енергична личност, учител и пример за многу генерации професионалци позади него, несебично споделувајќи ги техничките знаења од областа, бизнис искуствата и вештините.

Преку неговото мото дека „Адинг е и ќе биде состојка на секоја градба„, изгради и постави здрави основи за понатаму, што гордо го сметаше за еден од своите најголеми успеси.

Дополнително, неговата големина и значајна улога во македонската економија е што преку свој личен пример и посветеност, успеа да го пренесе неговиот ентузијазам многу пошироко, секогаш нагласувајќи дека и останатите македонски компании можат и мораат да создаваат брендови кои ќе излезат вон нашите граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Адинг го прослави 50. роденден

Неговите професионални почетоци се во Адинг, од 1980 година, минувајќи низ сите скалила на компанијата, а на нејзино чело застанува во 2006 година. Смртта го затекна во неговиот четврти континуиран мандат, во кој се бележат и најдобрите резултати во досегашното работење“, велат од компанијата.

Роден е во Вељуса, Струмица, во 1951 година, а дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Добитник е на низа награди и признанија од областите на бизнисот, менаџментот и општествено одговорните практики во земјава и странство, од кои како последна е големата награда на Средна и Југоисточна европа „Креатори на Столетието“ за животно дело во развојот на претприемништвото во Р. Македонија во 2019 година.

Фото: Адинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наташа Несторовска реизбрана за член на Управниот одбор на Стопанска Банка – Битола

Редакција

Велешанец ја тепал, дрогирал и наведувал на проституција сопругата

Редакција

12-годишно дете претепано и премрзнато најдено на улица во Велес

Редакција