еМагазин
Image default
Локално

Почина пешак по удар од „шкода октавија“ на влез од паркинг

На 02.10.2019 во 10.20 часот на локалниот пат с.Јакимово-Виница, на влезот на просторот за паркирање на возила, патничко возило „шкода октавија“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(29) од с.Лаки, виничко, удрило во пешакот М.Ј.(82) од с.Грлјани, виничко, информира МВР.

Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Виница. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдени заљубените малолетници од Куманово и Велес

Редакција

Крвава пресметка меѓу 85-годишна кумановчанка и нејзиниот 61-годишен син

Редакција

Командирот на противпожарната единица во Скопје, Кочовски апелира до надлежните да излезат на терен за да спречат пожарите

Редакција