еМагазин
Image default
Локално

Почина пожарникар при гаснење на пожар во Скопје

На 18.09.2018 година околу 16,30 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева, информира МВР.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожарната единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Во 18.30 часот Г.Ј. починал. Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четиринаесетгодишно девојче избегало од дома кај роднините

Редакција

МВР заплени 15 килограми марихуана при претрес во кумановско

Редакција

Две малолетни деца силувани во Штип и Кочани

Редакција