еМагазин
Image default
Локално

Почина работник по пад во ископ во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ, информира МВР.

Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прегазен пешак во Кочани се бори за живот, возачот избегал

Редакција

Фатен охридски дилер откако на ученик му се слошило среде настава

Редакција

Нападнати полицајци кои реагирале на пријава за семејно насилство

Редакција