еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина родилка од сепса, според лекарите била ризична пациентка која боледувала од ретка болест

Родилка од Охрид, на 24 годишна возраст, починала на  КАРИЛ, откако се породила со царски рез пред речиси две недели. Лекарите утврдиле дека се работи за сепса, а родилката спаѓала во категоријата ризични пациенти затоа што од својата четиринаесетгодишна возраст боледувала од ретката болест лупус.

По породувањето во охридската болница, нејзината состојба неколку дена била влошена, па заради тоа била пренесена во Скопје.

„На Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш е ставена на интензивно лекување, во шок соба и суспектна за сепса. Во текот на целиот престој на ГАК е мултидисциплинарно третирана. Од ехо-прегледот гинеколозите исклучија гинеколошко страдање“, соопштија од клиниката.

Еден ден откако пациентката била примена на Гинекологија во Скопје, стручниот колегиум на болницата врз основа на конзилијарно мислење на тројца гинеколози, абдоминалец и пластичен хирург одлучил таа да биде поставена на машина за дишење.

И покрај сите напори на лекарскиот тим, состојбата постојано се влошувала и два часа откако била примена на КАРИЛ, починала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре сончево и многу топло, викендов облачно со пороен дожд и грмежи

Редакција

Почина актерот Мето Јовановски

Редакција

(Галерија) Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Редакција