еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови и било невакцинирано.

„Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици“, рече Филипче.

Додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ не го исполни ветувањето и испрати лоша порака за регионот, рече Заев од „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот

Редакција

„Макпетрол“ не е никаков монопол – во Македонија има над 40 лиценцирани увозници на природен гас

Редакција