еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина поранешниот претседател на Собранието, режисерот и писател Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 годишна возраст почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра.

Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола.

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона.

Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2000 до 2004 година беше вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бугарија.

Од 2006 до 2008 година беше претседател на Собранието на Република Македонија.

Веста за смртта на Георгиевски, на својот Фејсбук профил ја соопшти актерот, Роберт Вељановски.

Фото: ТВ Нова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива во Собрание продолжува утре

Редакција

(Фото) Македонската и грчката полиција вторпат во една недела спречија меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра

Редакција

Министерство за здравство: Најдовме трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Редакција