еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починаа нови осум пациенти од корона вирусот

Министерство за здравство информира дека починаа уште осум нови пациенти од корона вирусот, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години, хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден.

Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на до сега починати е 179.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 196 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 90

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 21 нови пациенти, а 11 се со потешка клиничка слика

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на „тапет“ на Твитер по видео обраќањето за ветото на Бугарија

Редакција

(Галерија) Непозната Македонија: Дебарско, еден од најживописните краеви во земјава

Редакција

Од Ковид-19 починаа 28 лица, вкупно до сега 6.367

Редакција