еМагазин
Image default
Македонија

Починале 122 доенчиња во минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава, бројот на умрените лица е намален за 2.9% во однос на претходната година и изнесува 19.727 умрени лица.

Поголем број се од машки пол и тоа 10.339 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 122, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.6% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи се регистрирани во месец декември (1.880).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 годинa, односно 75.7 години кај лицата од женски пол, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски забранил да се купуваат морска храна, бадеми и лешници во Владата, парите ќе бидат насочени за најранливите категории граѓани

Редакција

Ги демантираме лагите за препораките, несериозно е „славењето победа“ на бугарските историчари, велат од македонскиот тим на Историската комисија

Редакција

Димитров за проблемот со Бугарија: Не можете да создадете антиевропски критериум и тоа да ви биде услов за влез ЕУ

Редакција