еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починатиот пациент со коронавирусот од Делчево имал претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информираа дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.

Детали за новопочинатиот соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Претходно бил хоспитализиран на УК Онкологија со радиотерапија, а по докажување на болеста префрлен е на КИБФС каде и починал.

Кај починатото лице се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и контакт со веќе потврдено лице, без историја на патување надвор од државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Со оваа, вкупниот број на починати од вирусот во Македонија е 92.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со претходни заболувања 3 лица од новозаразените со коронавирусот во Македонија

Новозаболените од коронавирусот во Скопје се заразиле на сеемен настан

Новозаболените со коронавирусот во Тетово се заразиле на погреб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Винарија „Чифлик“: Опкружена со прекрасна природа, градини во склоп на винскиот ресторан, семејна традиција во производство на вино

Силвана Жежова

Убава вест: Оздравени 507 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Укинат карантинот за лицата кои доаѓаат од Африка и Бразил

Редакција