еМагазин
Image default
Македонија

Почна јавната дебата за уставните измени: Според Заев, прифатливите предлози би можеле да станат дел од уставните амандмани

Премиерот Зоран Заев денеска ја отвори првата јавна дебата за нацрт-амандманите на Уставот, посочувајќи притоа, можни прифатливи предлози кои би можеле да станат дел од нив, а се изнесени на дебатата во собраниската Комисија и на пленарната седница.

Дел од овие предлози се за примената дома на Договорот, а според Заев важно е во делот на државјанството да се прецизира што е државјанство, а што етничка припадност…

Тој додаде дека се консултираат со Грција, но и тие со нив.

Потсети дека во нацрт амандманите се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.

Според Заев се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.

Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека амандманите не ја загрозуваат граѓанската основа на државата, дека се прифатливи од аспект на идентитетските прашања и дека притоа некои делови се зајакнуваат дури и кога се споменува други етнички заедници, како и дека решенијата се во рамки на уставно-правните стандарди.

Професорот Владо Поповски изнесе свои предлози за зајакнување на нацрт-амандманите посочувајќи дека во Преамбулата на Уставот јасно да се прецизира македонски народ…

На дебатата учествуваат пратеници, претставници на научната јавност, граѓански организации, новинари. Ова е првата од петте јавни дебати за уставните измени.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

И вицепремиерот Љупчо Николовски негативен на Ковид-19

Редакција

Молк во Европската Народна Партија за азилот на бегалецот Груевски

Редакција