еМагазин
Image default
Македонија

Почна да се полни и монтажната болница, моментално има 11 пациенти

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од корона вирусот починаа уште 9 пациенти

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палчо по убиството на Вања и Панче добил пари од Швајцарија, открива КОД

Редакција

Истрага за 11 лица за уништување културно наследство во Старата скопска чаршија

Редакција

МНР: Потврден коронавирус кај еден од нашите државјани на бродот во Јокохама

Редакција