еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Почна кампањата: Пендаровски, Силјановска и Река под лупа

Со митинзи во различни градови во земјава тројцата канидати за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река денеска официјално ја почнуваат кампањата за изборите закажани за 21. април.

Силјановска Давкова почнува во Охрид, Пендаровски во Прилеп, а Река на плоштадот Скендербег во Скопје.

Доколку се цени според нивните биографии се чини дека нашата земја досега немала подобри кандидати за претседател.

КОИ СЕ ТРОЈЦАТА КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордана Силјановска – Давкова на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја доби подршката од партијата да биде нејзин кандидат за престојните избори за претседател на државата.

За студентите е еден од најинспиративните професори Според неодамнешното истражување на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ, помеѓу кои и на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.

За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Студентите велат дека најфасцинантно кај Силјановска-Давкова е што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни.

Силјановска-Давкова е редовен професор на Институт за правни и политички науки при Катедрата за уставно право и политички систем.

Нејзината работа како научник е фасцинантна. Има објавено над 200 трудови од областа на правото, политиката, законодавството…

Докторирала на Универзитетот во Љубљана во 1993 година.

Кога е во прашање нејзината професионална кариера, за нејзе нема граници. Дел е од бројни меѓународни групи на експерти, комитети, совети…, од различни области. Експерт е за избори, родова застапеност…, и е еден од основачите на тинк-тенк организацијата Еуро Балкан.

Таа беше министер без ресор во владата на СДСМ од 1992 до 1994 година.

Мајка е на две деца.

Националниот кординатор за НАТО, Стево Пендаровски е еден од можните кандидати за претседател на државата, како заеднички кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ. Роден е во април 1963 година во Скопје.

Дипломирал на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година. Магистрирал на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”.

На истиот Институт докторирал на тема “Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс”.

Од 2008 година до сега е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Зад себе веќа има една претседателска кандидатура на претседателските избори во 2014 година.

По завршувањето на високотo образование, станува раководител на Одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР), а покрај тоа, три години паралелно е и портпарол, заменик-министер за односи со јавност во МВР.

Интересен е податокот дека работел за двајца поранешни претседатели на Македонија. Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).

Професорот Блерим Река е кандидат за претседател на држвата на Алијансата за Албанците и Беса. Според неговата официјална биографија, Река дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина, Косово.

Таму и магистрирал, а докторирал на истиот Универзитет и на Универзитетот во Грац, Австрија.

Моментално работи како редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Од 2006 до 2010 е амбасадор на Мисијата на РМ при Европската Унија.

На Универзитетот на Југоисточна Европа бил декан на Факултетот за јавна администрација, Проректор и Заменик-ректор за истражување.

Автор е на бројни публикации поврзани со правото, Косово, НАТО…

“Постојат две причини за мојата одлука. Првата е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да скрене во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани.

Втората е дека не е доволна само интелектуална критика, без да се влезе во политичка двобој со цел да се промени ситуацијата. Критиките на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот е реален. Впрочем историјата ја пишуваат државнците, а интелектуалците само пишуваат за историјата„, напиша Река на својот Фејсбук профил по објавувањето на кандидатурата.

Фото: Фејсбук/Силјановска/Пендаровски/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска пред Уставен ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Редакција

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Редакција

Каков имот пријавил Хекуран Дука, старо-новиот градоначалник на Дебар

Редакција