еМагазин
Image default
Македонија

Почна масовно тестирање на работници во штипската конфекција од која се шири корона вирусот

Масовно тестирање вчера е почнато на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места.

Ова е една од одлуките од заедничкиот состанок на членови на Комисијата за заразни болести, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, и Општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски

– Масовното тестирање на работниците се очекува да заврши денеска или најдоцна до утре. Така што, сите текстилни работнички од таа конфекција ќе бидат тестирани и ги очекуваме резултатите. Се надеваме на што помал број заразени.

Се работи за една сериозна анализа, епидемиолошка, која го покажува движењето на овие луѓе, кои се контактите, движењето во автобусите, дезинфекцијата и сето тоа треба да се заокружи со едно тестирање, рече Бочварски.

До денеска во овој кластер регистрирани се вкупно 19 заболени, покрај работници има и членови на нивни семејства. Епидемиолозите до денеска во изолација и самоизолација од овој кластер ставиле 153 работници, но и нивни контакти со членови на семејства, пријатели.

МИА/Фото: Факултет за ветеринарна медицина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Текстилните работници од Штип кои користеле автобуски превоз да се јават на матичен лекар ако имаат симптоми на корона вирусот

Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, полиција нема, камера има

Редакција

(Фото) Царината на Богородица заплени девизи и злато во вредност од еден милион евра

Редакција

МВР изрече 549 казни за неносење маска

Редакција