еМагазин
Image default
Бизнис

Почна обесштетувањето на граѓаните на кои не им беа уплаќани придонесите во вториот пензиски столб

Првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб е направена денеска.

Со неа, како што информираше министерката за труд и социјална политика, се опфатени 4.926 осигуреници и треба да заврши до крајот на месецот.

Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. За оваа намена Владата обезбеди 19 милиони евра од државниот буџет.

Министерката за труд и социјална политика информираше дека согласно со новата законска регулатива, исто така во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.

На ваков начин, рече таа, почнува специфичен процес во кој ќе бидат вклучени сите институции и процес кој ќе покаже дека реформата и во пракса ќе направи регулација на пензискиот систем.

-На ваков начин.пензискиот систем станува многу посигурен, стабилен и одржлив. Иако навидум се прават мали поместувања во 2019 година се очекува намалување на дупката во Фондот за ПИОМ за две милијарди денари што е значителна бројка и ќе доведе до порамнување на линијата и постепено затворање на дупката што на среден рок треба да доведе до стабилизација на системот, рече Царовска на прес-конференцијата по работниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорите на ПИОМ, МАПАС и приватните пензиски друштва.

Директорот на Фондот за ПИОМ, Шаип Зенељи истакна дека сите граѓани ќе бидат обесштетени и оти ќе им бидат префрлени на сметка во вториот пензиски столб. Според него, средствата што во изминатите години не биле уплаќани на нивни сметки, не се изнесени од ПИОМ, туку останувале во Фондот и се користеле наменски.

Неизвршувањето на уплатите според него е резултат на системски пропуст кој се должи на сложеноста на пензискиот систем.

– Пензискиот систем е еден од најсложените системи за водење и за евиденции. Најголем дел од податоците се добиваат од надлежни надворешни иснтитуции, а Фондот ги контролира, споредува и обработува податоците за осигурениците да обезбедат право на пензија.

Од 2006 година Фондот врши распределба на членствотио и придонес во вториот столб. Водењето и користење на една база на податоци е сложен процес и можни се пропусти кои произлегуваат од обемот и содржината на податоци, како и од честата измена на законската регулатива за сите обрски кои имаат влијание на остварувањето на правата, рече Зенељи.

Министерката за труд останува на ставот дека Министерството не може да ја лоцира одговорноста, бидејќи, вели, е управен орган, а не орган за истрага или прогон. До податоците, рече, се дошло со обемна анализа, а документацијата е предадена до ОЈО која треба да ја утврди одговорноста.

– Моја одговорност е да ги заштитам сите сегашни и идни пензионери, да го унапредувам системот. Тоа Министерството и го прави со заштита на овие 12 илјади граѓани, рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е „непознатиот сторител“ за пензискиот скандал во ПИОМ?

Сите детали: Фондот на ПИОМ го „објасни“ скандалот со пензиите

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Бесник Браими излезе, Хатиџе Топали влезе во Надзорниот одбор на АД “Аеродроми“

Редакција

Конечно: Од четврток авиолинија Скопје – Атина

Редакција