еМагазин
Image default
Бизнис

Почна повторената судска постапка меѓу штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ за изградбата на Клиничката болница во Штип

Почна повторената судска постапка меѓу штипски „Бетон“ и грчки „Интракт“.

Поранешиот подизведувач на изградбата на штипската Клиничка болница тужи за два милона евра.

Постапката е повторена, бидејќи компанијата „Интракат“ тврди дека не добиле фер судење поради неуредна достава со фалсификувани потписи. Другата страна тврди процедурата е запазена и тие треба да си ги добијат парите.

Постапката е повторена откако Врховен го врати предметот на почеток.

Во судницата во штипскиот Основен суд денеска претставниците на „Интракат“ тврдеа дека не добиле фер судење поради неуредна достава со фалсификувани потписи. Тоа го потврдил и графолог. Така го изгубиле правото да се жалат на одлуката за платниот налог што, според нив, е причина за доцнењето на изградбата на штипската клиничка болница.

-Поради овој процес, две години компанијата има блокирана сметка. Со тоа е оневозможен процесот на изградба на Клиничката болница во Штип, затоа бараме да дадеме приговор на платниот налог, да се укине решението и да се повтори постапката, рекоа од правниот тим на компанијата „Интракат“

Правниот застапник на штипски „Бетон“ денеска во судницата рече дека процедурата е запазена и тие треба да си ги добијат парите.

-Сметката на изведувачот на болницата не е блокирана од 4 ноември, а компанијата од Министерството за здравство има примено 100.400.000 денари, заклучно со декември годинава, а тие слободно може да си располагаат со парите од сметката, рече правниот застапник на штипски „Бетон“.

Нерасчистени работи меѓу грчки „Интеркат“ и штипски „Бетон“ придонесоа и Банката за развој на Советот на Европа да повлече дел од кредитот во износ од речиси 14 милиони евра, поради бавната динамика на изградба, а од Министерството за здравство рекоа дека новото темпо на изградба зависи токму од заврушуваењето на спорот.

Новото рочиште меѓу двете градежни компании инволвирани во изградбата на новата Клиничка болница во Штип е закажано за февруари 2022 година. Дотогаш Основниот суд во Штип ќе треба да одлучи и дали вештачење може да прави лице со истечена лиценца, а тогаш повторно ќе се распрашуваат и сведоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лукаревска: Ќе има мобилни шалтери и екипи за оние кои нема да можат да се пријават електронски во УЈП

Редакција

Во скопскиот регион се создава половина од македонскиот БДП

Редакција

Просечната нето плата во август 25.127 денари

Редакција