еМагазин
Image default
Македонија

Почна Седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители ја почна вонредната седница на која разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е единствена точка на дневиот ред.

Претходно денеска Собранието во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.

Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители.

На седницата на Советот на јавни обвинители се присутни осум од вкупно 11. членови на Советот. За да донесат валидна одлуката сите треба да гласаат за разрешување на Јанева.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, истекува утре, 15 септември.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители ја доби одлуката за разрешување на Јанева

Собранието ја разреши Јанева

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеќири осуден на казна затвор од две и пол години, треба да врати и 71 милион денари

Редакција

Заев ќе си даде оставка ако го изгуби Скопје, Владата на СДСМ останува и ќе ја предводи некој друг

Редакција

Ликовните педагози се против идејата за спојување на ликовно и музичко во еден предмет

Редакција