еМагазин
Image default
Македонија

Почна судењето за „Меѓународниот сојуз“, обвинетите не чувствуваат вина

Во Основниот кривичен суд во Скопје почна судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Рускоска пред почетокот на судењето го информираше судот дека барањето за нејзино изземање побарано од обвинетите Ременски и Јовановски, не е прифатено од државниот јавен обвинител.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.
Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.
Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.
Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втор обид за почеток на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, меѓу обвиниети се Боки 13 и татко му и Ременски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Изјавата на Ковачевски, кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата, може да биде злоупотребена за притисок кон нас

Редакција

Детален преглед на состојбата со пациенти заболени со Ковид-19 по болниците

Редакција

Марјан Забрчанец позитивен на Ковид-19

Редакција