еМагазин
Image default
Локално

Почнува анкета, граѓаните ќе одлужат дали ќе има зонско паркирање во Карпош 1

Општина Карпош од денеска започнува со теренско анкетирање во урбаната заедница Карпош 1, со цел граѓаните да одлучат дали се за регулирање на паркирањето или не. Оваа анкета, како што информираат од Општината, се спроведува како резултат на поднесени иницијативи од заедници на сопственици за воведување на зонско паркирање.

Регулацијата на паркингот значи дека граѓаните – резиденти на Карпош 1 ќе имаат право бесплатно да паркираат до три сопствени возилa, а паркирањето би било организирано и спроведено од ЈП „Градски паркинг“.

– Посебно обучени тимови од Општината, со легитимација и анкетен лист во следниот период ќе ги посетат сите домаќинства во Карпош 1, со цел да се увиди интересот на граѓаните и да се дадат подетални информации за организираниот начин на паркирање. По завршување на анкетата во Карпош 1, ќе се продолжи со анкетирање на граѓаните од урбаната заедница Карпош 2, велат од Општина Карпош.

Тимовите ќе анкетираат секој работен ден од 17:00 до 19:00 часот, а за време на викендот (сабота и недела) од 10:00 до 13:00 часот. Во случај граѓаните да не се во нивните домови, анкетен прашалник ќе можат да пополнат во урбаната заедница на ул. „Иван Аговски“ б.б, при што ќе треба да покажат своја лична карта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со багер удрил 13-годишно дете во Скопје

Редакција

Мотоциклист почина по судар со товарно возило

Редакција

Паркирање во „премиум-зоната“ во строгиот центар на Охрид сто денари за час

Редакција