еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.

Во најава е јавен повик за Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства. Со таа цел, оваа недела, ќе се одржат информативни и едукативни денови во неколку места/општини низ државата за полесно спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.

На 18 февруари, инфо караванот ќе ги посети општините Зрновци, во Домот на културата од 11:00 часот и Македонска Каменица, исто така во Домот на културата од 15:00 часот.

Наредниот ден, 19.02. во општинската сала на општина Зелениково во 10:00 часот граѓаните ќе имаат можност да се информираат за полесно искористување на ИПАРД Програмата, а во општина Чашка средбата ќе се случува во салата во ОУ „Тодор Јанев“ од 14:00 часот.

На 20.02. инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10:00 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14:00 часот.

На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10:00 часот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.

Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот претседател Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Редакција

Холандскиот премиер Руте: Се надеваме дека Скопје ќе го прифати францускиот предлог, ако не, Тирана сама да го продолжи патот

Редакција

Оваа недела ќе се одржат шест инфо денови за ИПАРД

Редакција