еМагазин
Image default
Македонија

Почнува скринингот за стекнат имунитет на населението во Дебар

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека почнува скринингот на имунитетот на населението во Дебар, нешто што во следниот период веројатно треба да се спроведе на територија на целата држава.

„Ситуацијата во Дебар подолго време е стабилна, активни се само три случаи и немаме нови потврдени случаи. Tоа беше одлична основа за старт на скринингот.

После иницијалните разговори со матичните лекари кои укажаа на некои работи кои тие сметаат дека се проблематични во однос на спроведувањето на скринингот, таму тестовите се испратени и во периодот што следи ќе се спроведе во три категории на граѓани, нешто што како стратегија, веројатно, во следните месеци, како испитување на имунитетот на населението, треба да се спроведе на територија на целата држава, меѓутоа во некоја подоцнежна фаза на епидемијата кај нас“, рече Филипче.

Тој информира и дека на сите патронажни сестри кои биле вработени со договор на дело и кои се заинтересирани да работат ќе им бидат продолжени договорите.

„Средства финансиски од страна на ФЗОМ се обезбедени. Ќе бидат вработени дополнителна бројка на патронажни сестри таму каде што ќе покажат интерес за сите нив, согласно на големата потреба на здравствени работници во сите ЈЗО“, рече министерот.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Ракавиците не се неопходни за носење ако внимателно се мијат рацете

Филипче за „чудниот случај“ во Куманово: Тестовите во Институтот за јавно здравје се одобрени од СЗО

Можно е заболените од корона вирусот да плаќаат партиципација за болничко лекување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

Редакција

Македонците над европскиот просек според познавањето странски јазици

Редакција

Столтенберг: Скопје имаше посебно место во срцето на татко ми

Редакција