еМагазин
Image default
Македонија

Почнува со работа лабораторијата во МАНУ, дневно ќе се прават по сто теста за Ковид-19

Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, најави денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство, Венко Филипче.

Посочи дека лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14 часот ќе стигнат од сите болници од државата, каде се примаат пациенти на тријажа и ќе почне процесот на изработка прво на изолација на вирусот, а после и идентификација, и околу 21, 22 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат тој ден.

– Имајќи го предвид капацитетот, просекот на пациенти кои се јавуваа во другите болници, сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија, додаде Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот Спасовски треба да направи тест за Ковид-19 неделава, смета Филипче

15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прва ВМРО-ДПМНЕ, втора СДСМ, трета коалицијата „Вреди„: Анкета на ЦРПЦ

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Бугарија и го повика Османи на собраниска комисија

Редакција

Петков тврди оти Бугарија не ги оспорувала Македонците и македонскиот јазик

Редакција