еМагазин
Image default
Македонија

Почнува судењето за убиството на младиот Никола Саздовски, кој беше претепан до смрт

Во Кривичниот суд денеска почнува судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски.

Судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ќе ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое досега пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

Од ОЈО информираа дека ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а за третиот осомничен кој се уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Недостасуваше нешто опипливо во понудата на ЕУ до Македонија за референдумот

Редакција

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Ахмети не е за предвремени парламентарни избори, Собранието да ја донесе одлуката за Договорот со Грција

Редакција